Се укинува меѓуградскиот и градскиот превоз во Куманово и се затвораат дел од продавниците
Владата на денешната седница донесе одлука целосно да се укине меѓуградскиот и градскиот превоз во Општина Куманово, како и препорака да се затворат сите продавници во полуотворените трговски центри кои не се молови, а Институтот за јавно здравје е задолжен за поинтензивна работа, со цел спречување на ширење на коронавирусот, информира министерот за здравтство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Тој смета дека со овие мерки, со дополнително укинување на врските во Куманово со другите општини, има сериозна шанса да се спречи патот на ширењето на вирусот.
-Денеска на владината седница донесовме дополнителни одлуки што се однесуваат на градот Куманово. Ќе се укине целосно меѓуградскиот превоз помеѓу Куманово и сите останати градови, се укинува градскиот превоз во Куманово, се дава препорака да се затворат сите продавници во трговските центри кои не се молови, меѓутоа се форма на полуотворени трговски центри на кои што не важи онаа одлука на Владата заради тоа што не се класични затворени молови, информира Филипче
Посочи и дека е донесена и одлука со која се задолжи Институтот за јавно здравје за поинтензивна работа, не само во Куманово туку и во целиот кумановски регион со оглед на тоа што од таму се една од починатите од корона и неколкумина заболени.
-За овие мерки не натераа епидемиолошките податоци од анкетите, новите случаи, нивната релација, присуство на заразени здравствениу работници, тоа што еден од здравствените работници живее надвор од Куманово, во една од околните општини и со оглед на големиот број на првичните анализи, првични контакти, 60 теста кои сега ги очекуваме до вечерва и кои ќе ни ја искристализираат сликата за состојбата. Сметаме дека треба да се прекинат комуникациите градски и меѓуградски на Куманово со сите општини со цел тука да се спроведе дополнителна мерка за една форма карантин, нешто слично како што беше направено во Дебар кога увидовме дека има случаи на локална трансимисија, рече Филипче.
Ново на Сител
-

Судски совет: Недостиг на судии и заостанати предмети во судовите ширум земјава
-

Општина Аеродром ќе го исчисти просторот кај поранешен „Мекдоналд“ и ќе им прати фактура на сопствениците
-

Обвинителство: Одговорните за пожарот во „Пулс“ знаеле за ризиците, но избрале молк и профит, ќе докажеме дека никој не се обидел да ја спречи трагедијата
-

Најмалку 16 загинати и повеќе повредени во руски напад врз Тернопил, Украина
-

Во петок и во деновите од викендот се очекуваат пообилни врнежи од дожд
-

Извлечени две лица што со автомобил заглавиле во надојдената вода на Пчиња
-

Во сообраќајка на патот Валандово-Дојран загина мигрантка од Кина, седуммина се повредени
-

Изгоре балканската дискотека „Вилиџ“ во Виена - нема повредени | ВИДЕО
