-->
-->
Се трага по двајца македонски планинари на Ниџе
-->
Во Секторот за внатрешни работи Битола рано утрово околу 03:00 часот било пријавено дека на две лица-планинари, кои биле дел од група планинари од Македонија, едно машко и едно женско лице, им се губи трагaтa на планината Ниџе.
Настанот го пријавиле останатите членови на групата.
Според нивното кажување, по кратко време откако тргнале да се искачуваат на планината од страна на Република Грција, двајца членови се изгубиле, соопшти МВР.
За настанот биле известени и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и грчките погранични служби.
Набргу потоа, телефоните на двајцата планинари се лоцирани на 100 метри во територијата на Република Македонија. Засега не е познато во каква состојба се планинарите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нуркањето привлечно за туристите
-
Екоактивисти во Струмица маршираа против загадувањето од депонијата Шапкар
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите