Македонија
19. February 2024 - 8:06

Се трага по 18-годишна девојка од Лабуништа

18-годишна девојка од струшкото село Лабуништа го напуштила домот, а татко и пријавил во полиција.

– Во Полициската станица Струга, вчера во 10 часот Р.А.(50) од село Лабуништа, струшко, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка С.Б.(18), информираше Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР.