-->
-->
Се судриле „бмв“ и „голф“ кај тетовско Непроштено, повредени тројца
-->
На 26.12.2021 во 09.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово - с.Јажинце, кај с.Непроштено, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(43) од с.Нераште и патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(40) од с.Доброште, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Н., а со телесни повреди се здобиле Ш.С. и сопатникот од истото возило, Ј.М.(43) од с.Нераште, констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сведоштво во судница на мајката на убиената Вања
-
ВО ЖИВО: Стручната комисија утврди лекарски пропусти за смртта на 14 месечното бебе
-
Берлински процес
-
Новиот Закон за правична е готов но не е испратен до Влада, допрва ќе се договарале деталите
-
Утре почнува грејната сезона, но основните училишта во Карпош ќе останат со студени радијатори
-
Повисоки плати и за медицинскиот персонал - Буџетот се полни добро
-
Запрена постапката за Универзална
-
Нова најава за гасификација, но без детали