Фудбал
25. December 2017 - 11:18

Се судрил со вепар!

Тренерот на шпанскиот гигант Валенсија, Марселињо Гарсија Торал за малку да настрада посериозно во бизарна сообраќајна несреќа кога на неговиот автомобил налетала дива свиња.
Незгодата се случила за време на празничното патување со фамилијата кон родната Астурија. Ова на официјалниот сајт го објави тимот од Местања со објаснување дека Шпанецот бил пренесен во болница каде по деталните прегледи набргу бил пуштен дома. Торал објавил и соопштение во кое јавно им се заблагодарил на медицинарите во болницата за третманот и однесувањето кон неговата фамилија.