-->
-->
Се стресе Крит, силен земјотрес вечерва го погоди островот
-->
Земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтеровата скала вечерва во погоди грчкиот остров Крит и засега нема податоци за евентуалните повредени или за материјалната штета.
Земјотресот се случи во 20.50 часот по локално време под морето, на 35 километри од Крит, а се почувствувал во градот Ираклион и источните делови од островот.
Сеизмологот Емануел Скордилис од солунскиот универзитет рече дека ваквите земјотреси со средна јачина обично подоцна предизвикуваат послаби потреси.
-->
-->
-->