Се собраа парите за лекување на раката на Михаил од Тетово
За помалку од еден недела се собраа средствата потребни за лекување на Михаил Ристовски од Тетово, чии родителите побараа помош од јавноста. При раѓањето на Михаил пред една година и девет месеци му е повредена раката и не му е функционална.
-Благодарност до добрите луѓе преку кои успеавме да ги собереме паричните средства кои ни беа потребни за лекување на Михаил. Веќе не е потребно да се собираат средства. Воедно сме благодарни и на белградската поликлиника „Виталис“ која на нејзина иницијатива ни донираше 10- дневна акупунктурна терапија која ќе биде бесплатна. Освен за третмани со акупунктура во болницата, парите ќе се искористат и за други лекување во базен, физикална терапија во друга клиника или болница. Исто така парите ќе бидат искористени и за трошоци за пат, престој и се пропратно, изјави мајката на Михаил, Благородна.
Лекувањето во болницата „Виталис“ во Белград треба да почне наредниот месец.
– Поради пандемијата ни јавија од болницата дека таму е многу ризично и во средината на јануари да стигнеме и да продолжиме со лекување. Една сесија акупунтура трае десет дена, но на нас ни се потребни повеќе сесии во зависност од тоа колку и како ќе попушти нервот на раката на Михаил. Помеѓу две сесии треба да има еден месец пауза. На нас ни се потребни повеќе сесии бидејќи не се знае кога ќе попушти нервот, изјави Благородна.
Мирослав и Благородна освен Михаил имаат уште две ќерки.
Ново на Сител
-
Босанка подарува куќа на семејство погодено од поплавите
-
Пилот на „Туркиш ерлајнс“ почина при лет над САД
-
„Опен-АИ“ се проширува на глобално ниво со четири нови канцеларии
-
Во последните 24 часа вкупно 1.712 повици на бројот за итни случаи 112
-
Делови од Скопје денеска без струја
-
Денеска продожува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Најмалку 20 загинати, меѓу кои и деца, во израелски воздушен напад врз училиште во Газа
-
Американец е уапсен со огнено оружје во близина на митинг на Трамп во Калифорнија