Во последните 24 часа вкупно 1.712 повици на бројот за итни случаи 112
Во текот на последните 24 часа на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се регистрирани вкупно 1 712 повици. Од нив, како што соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК) „реални“ повици биле 935 или 54,61 проценти, а 777, односно 45,39 проценти биле за други потреби на граѓаните кои не биле итни.
Кон полицијата биле упатени 180 повици, односно 60,81 проценти од вкупно примените повици, кон итната медицинска помош 94 или 31,76 проценти, кон пожарникарите 18 повици или 6,08 проценти и кон ЦУК четири повици или 1,35 процент. Сите овие повици за итни случаи биле предмет на примање и обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
- Во текот на вчерашниот ден во РЦУК Тетово добиена е дојава за пронајдени две неексплодирани убојни средства (НУС), пред с.Ѓермо, во шумскиот дел од Шар Планина. За ова, од страна на РЦУК Тетово известени се ПС Тетово и ДЗС – подрачна единица Тетово. Местото на пронајдените НУС е обезбедено од страна на полицијата се до нивно соодветно отстранување, се наведува во соопштението.
Според информацијата пристигната од МАКТЕК Дооел – Скопје, за потребите на компанијата БЕХТЕЛ и ЕНКА, денеска во периодот од 12:00 до 17:00 часот ќе се изврши минирање на локалитетот Сладун (општина Прилеп).
ЦУК информира дека денеска во периодот од 10:00 до 15:00 часот, ќе извршат минирање на каменоломот Говрлево – сопственост на Цементарницата – УСЈЕ (општина Сопиште).
Ново на Сител
-
MEF25: Енергетската транзиција е политички, економски и генерациски предизвик
-
ФПН во Белград, по анонимна и лажна дојава за бомба: Никој да не биде во зградата на факултетот на 17 јуни
-
Г7 договори нацрт-изјава за Израел и Иран, но Трамп најверојатно нема да ја потпише
-
Муцунски: Работиме на засилување на динамиката на средби со официјална Софија
-
ЕХФ му изрече двегодишна суспензија на грчки АЕК, парична казна за Алкалоид
-
При израелски напад погодена иранската државна телевизија
-
Захарова: САД ја откажаа средбата со Русија за нормализирање на работата на дипломатските мисии
-
Субвенции од 2.000 денари месечно за сите средношколци од прва година од кривопаланечката гимназија