„Сè што ни е заедничко“ - меѓународна изложба во МСУ
Во Музејот на современата уметност - вечер од 20 часот ќе биде отворена меѓународна изложба „Сè што ни е заедничко“, во која најголем број од учесниците се уметници од регионот. Куратори се Мира Гаќина и Јованка Попова.
МСУ соопшти дека изложбата ја адресира несигурноста во контекст на различни социјални, политички и културни амбиенти, поврзани со ранливоста и егзинстенцијалната непредвидливост.
- Во состојби на нестабилност, одредени популации и групи страдаат или се обесправени во нивните општествени констелации и стануваат изложени на симболични и материјални насилства што резултираат со конфликти, транзиции, ограничувања и злоупотреби на трудот, миграции и егзодуси, родови нееднаквости и неправди. Доколку општата несигурност го означува она што сите ние го споделуваме, но, исто така, она што нѐ разликува и нè одвојува од останатите, дали можеме да пронајдеме практики што се насочени кон заедничко добро или да изградиме наша заедничка акција?, наведува Музејот на современата уметност во најавата за изложбата.
Учесници од Македонија се: Жанета Вангели, Велимир Жерновски, Христина Иваноска, Славица Јанешлиева, Ѓорѓе Јовановиќ, Јане Чаловски, а покрај нив и Маја Бајевиќ, Ибро Хасановиќ и Шејла Камериќ од Босна и Херцеговина, Ана Адамовиќ и Билјана Џурџевиќ од Србија, Рената Пољак од Хрватска, Иштван Ист Хузјан од Словенија, Албан Муја и Флака Халити од Косово, Мариа Пападимитриу од Грција, Ахмет Огут од Турција и Анри Сала (Албанија/Франција).
Ново на Сител
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри
-
Лукровски презентираше план за Карпош
-
Герасимовски најави нова мобилна гаража во Капиштец со 290 паркинг места
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца