Се шири блокадата на факултетите во Белград
По вчерашната блокада на Филозофскиот факултет во Нови Сад, Ректоратот на Белградскиот универзитет, на Филозофскиот, Филолошкиот факултет, Факултетот за драмски уметности и Природно-математичкиот факултет во Белград, денес на блокадите им се приклучија и студентите од Архитектонскиот факултет, Факултетот за физичка хемија и Факултетот за политички науки, јави дописникот на МИА од Белград.
Од вторник, 3 декември, блокадите започнаа и на Архитектонскиот факултет, Факултетот за политички науки и на Факултетот за физичка хемија, каде што ќе траат од 08:00 до 21:00 часот.
На одлуката на студентите на Факултетот за физичка хемија се приклучил и деканот на тој факултет кој го потпишал решението на студентите.
Според извештајот на Архивата на јавните собранија, академските граѓани сочинуваат три четвртини од сите учесници на протестите во Белград. Со тоа студентскиот дел од акцијата „Застани, Србија“ всушност стана најмасовниот универзитетски протест од 1996/97 година.
Студентите од овие факултети бараат објавување на комплетната документација за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад, која се чува во тајност. Бараат и отфрлање на обвиненијата против уапсените и приведените на протестите по трагедијата.
Студентите бараат од МВР да поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство во Белград против лицата кои физички ги нападнаа професорите и студентите, кои во јавноста се познати и „непосредна потврда на идентитетот на овие лица и нивно процесуирање“.
Во случај да се утврди дека некое од овие лица е на јавни функции, студентите бараат нивно разрешување.
Уште едно барање е зголемување на буџетските средства за државните факултети за 20 отсто.
Во соопштението се повикуваат сите студенти да им се придружат, напоменувајќи дека се работи за „непартиска и самоиницијативно собрана“ група студенти.
Ново на Сител
-
Трет ден конфликт меѓу Израел и Иран, Трамп и Путин ја оценија состојбата како „многу алармантна“
-
Кочани на приоритетната листа за министерот за здравство - Алиу вели дека нема да оперира, туку ќе менаџира со системот
-
Процесот на рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани е долг, скап и макотрпен
-
Обвинителството им стои на располагање на семејствата на жртвите
-
Зајкова бара собраниска седница зад затворени врати за престојниот НАТО Самит
-
Откриени 5 гробници издлабени во камен на локалитетот Крклари дел од заштитеното подрачје Маркови Кули
-
Германците и турците најбројни туристи
-
Шестата по ред Парада на гордоста ќе се одржи на 21 јуни: Ќе (оп)стоиме заедно