-->
-->
Се санираат уличните дупки и оштетувањата на коловозите
-->
Екипите на зимската служба на Град Скопје покрај расчистување на снегот од коловозите и од тротоарите на градските улици и булевари, спроведува активности за санација на оштетениот коловоз на повеќе локации, каде се употребува ладна асфалтна маса.
Град Скопје соопшти дека изминативе неколку денови работеле на санација на уличните дупки на делови од бул. Партизански одреди и Христијан Тодоровски Карпош, како и на улиците Втора Македонска Бригада потег, Индира Ганди и Качанички пат.
Покрај санацијата на уличните дупки, екипите на ЈП „Улици и патишта“ вршеле и обиколки и контрола на семафоризираните крстосници, како и контрола на вертикална сигнализација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?