Се санираат штетите од вчерашното невреме во Општина Босилово
Денеска се санираат штетите во селото Дрвош и Моноспитово од вчерашниот пороен дожд проследен со силен ветар кој го зафати регионот.
Според градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, најмногу штети од невремето има во селото Дрвош, каде надојдените води предизвикале сериозни оштетувања на улици, но и на водоводната и електричната мрежа.
-Денеска интезивно работиме на санација на штетите на улиците, а имаше и излевање на Дрвошка Река при што се поплавени посеви. Има оштетувања и на водоводната и електричната мрежа и сите дефекти ќе се отстранат, изјави градоначалникот Манчев.
Покрај селото Дрвош, штети од вчерашното невреме се регистрирани и во селото Моноспитово, каде надојдените води предизвикаа оштетувања на водоводната мрежа.
Општина Босилово беше зафатена од невреме и во средината на минатиот месец. Тогаш најмногу штети имаше во атарите на селата Сарај и Гечерлија на посевите на отворено, а околу 150 барања од граѓани пристигнаа до Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди при Општината.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно