Се самораспушти Хрватскиот сабор
Храватскиот сабор денеска со 137 гласови „за“ донесе одлука за самораспуштање, која стапува во сила на 15 јули.
„Против“ распуштањето гласаа двајца пратеници, а „воздржан“ беше само еден член на Саборот.
Од 15 јули ќе започне да тече уставниот рок за распишување предвремени парламентарни избори, кои според Уставот, мора да се одржат најмалку 30, а најмногу 60 дена од распуштањето на Саборот.
Одлуката за датумот на одржување на изборите ќе ја донесе хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, која по минатонеделните консултации со претставниците на парламентарните партии истакна дека речиси сите се согласуваат изборите да се одржат на почетокот на септември.
Одлкуката распуштање Хрватскиот сабор ја вклучи како вонредна точка на дневниот ред на денешната седница.
Распуштање на Саборот побараа вкупно 89 пратеници од Хрватските лабуристи, Жив ѕид, Самостојна демократска српска партија, Реформистите, коалицијата „Хрватска растр“, Милан Бандиќ 365, Блокот пензионерите заедно, Хрватска иницијатива за дијалог и пратениците на националните малцинства и независната пратеничка Гордана Русак.
Повеќето предлагачи. како предлог датум за распуштање го дадоа 15 јули, што и на крајот беше изгласано како конечна одлука.
Ново на Сител
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“
-
Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер
-
Првиот приватен универзитет во Македонија АУЕ–ФОН одбележува 22 години од основањето
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
-
Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата