Македонија
3. December 2015 - 15:56

Се реконструира водоводната мрежа во село Драчево

Изградба на трета фаза од проектот за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Сердарот” во село Драчево, во реализација на ЈП Водовод и канализација.

Како што соопшти општина Кисела Вода, екипите интензивно работат на поставување полиетиленски цевки со должина од околу 305 метри, а на мрежата ќе се приклучат 25 домаќинства кои живеат во непосредна близина.

Проектот, доколку временските услови дозволат, треба да биде реализиран до крајот на овој месец.