Се реконструира патот од Кавадарци кон Дреново
Локалниот пат од Кавадарци кон кавадаречкото село Дреново се реконструира. Денеска увид во работите изврши градоначалникот Александар Панов, кој истакна дека реконструкцијата се работи преку проект за рурален развој, финансиран од Светска банка.
- Станува збор за ревитализација на потег од овој пат во должина од 1.100 метри. Патот е проширен на 5,5 метри. Проектирани се две коловозни ленти, секоја со широчина од два метра, како и банкини од двете страни на патот, со широчина од 75 сантиметри. Од двете страни на патот се обезбедени и испусти и одводи, соопшти градоначалникот.
Панов појасни дека се поставува асфалтна подлога со дебелина од седум сантиметри, на вкупна површина од 4.150 квадратни метри.
Финансиската конструкција изнесува 3.532.370 денари, кои се грант од Светска банка.
Ново на Сител
-
Лига на нации: Македонија ја совлада Летонија и обезбеди пласман во Лига „Б“
-
Во Хрватска во тек се апсења и спроведување на итни доказни дејствија
-
Македонската федерација за дигање тегови денеска оствари средба со Балканската вејтлифтинг федерација
-
Тајсон му залепи шамар на Џејк Пол во последното соочување | ВИДЕО
-
Зеленски следната недела ќе претстави план од 10 точки за внатрешна безбедност
-
Четири пожари на отворено изминатото деноноќие
-
Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025
-
Од денеска задолжително поседување зимска опрема