Македонија
21. July 2016 - 11:25

Се реконструира ООУ „Илинден“ во Крива Паланка

Во тек се  реконстурктивни активности на централното општинско училиште „Илинден“ во Крива Паланка. Станува збор за реконструкција  на десет училници, во кои ќе се изврши промена на подовите, обнова на елктричната  инсталација и кровните површини. Градежните активности се планирани да завршат до почетокот на новата учебна година.

- После неколку години започнавме со градежна експанзија на ООУ „Илинден“,  каде што ќе биде сменет подот на три училници, инсталацијата на четири училници и на другите училници ќе биде сменета ѕидната и кровната конструкција, изјави директорот на ООУ „Илинден“, Оливер Дејановски.

Одговорните  по завршувањето на овие инфраструктурни активности планираат да инвестираат во промена на столаријата во училниците на приземјето.

Според Дејановски учениците во ООУ „Илинден“ ќе имаат подобри и поквалитетни услови за учење.

За реконструктивните зафати обезбедени се околу 800.000 денари од буџетот на централното општинско училиште „Илинден“.