Се реконструира градинката во Ново Село

Почна реконструкцијата на градинката „Сонце“ во општина Ново Село во рамки на проектот „Енергетска ефикасност во насока за постигнување подобра животна средина во градинките“ од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.
- До пред една година градинката беше клон – 5 на градинката во Струмица и беше во многу лоша состојба. Од нејзината изградба во далечната 1974 година до денеска не беа преземени никакви градежни зафати. Со овој проект градинката ќе добие нов лик и ќе ги подобриме значително условите за престој на нашите најмили и најмали граѓани, соопшти општина Ново Село.
Реконструкцијата на градинката е предвидено да трае 12 месеци и опфаќа подобрување на изолацијата преку поставување нова термофасада, отстранување на азбестниот покрив и поставување нов лимен покрив со изолација, нови ПВЦ прозорци и врати, подобрени системи за водовод и канализација, инсталирани соларни колектори за производство на топла вода за градинката, замена на постоечкото осветлување со ново енергетски ефикасно. По завршување на реконструкцијата следуваат т.н меки мерки за зајакнување на капацитетите во градинката, за кои исто така е предвидено да траат 12 месеци.
Проектот го добија Ново Село и Сандански од Бугарија, а од европскиот фонд обезбедени се 400 илјади евра кои општините ќе ги поделат за реализација на проектите.
Ново на Сител
-

Државата ќе гради Национален дата-центар
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
