Се рехабилитира дел од локалниот пат до долнореканското село Пристојница
Во општина Маврово и Ростуше во тек е реализација на уште еден проект насочен кон подобрување на патната инфраструтра а со тоа и создавање што подобри услови за живот на граѓаните.
Станува збор за рехабилитација, проширување и асфалтирање на дел од локалниот пат до селото Пристојница, едно од поголемите долнорекаски села, со над 550 жители.
Со текот на градежните работи одблиску се запознаа градоначалникот Медат Куртовски и претседателот на Советот на општината Алил Алили.
-Работите се одвиваат според зацртаната динамика за што навистина можам да искажам задоволство. Вкупната вредност на овој проект изнесува 4.196.611 денари. Средствата се обезбедени од Влада на Република Македонија преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, рече Куртовски.
Посочи дека со реализација на овој проект се решава уште еден проблем од областа на инфраструктурата во општината.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова на состанок со началникот на ГШ и министерот за одбрана
-
Пожари во Гевгелија и штипско Караорман
-
Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје возат само до 10 часот
-
Именување на генерален секретар на Собранието и барања за апанажа од поранешни министри на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
Изречени 117 санкционирани возачи во Скопје
-
Бајден: Во претседателската трка сум до крајот, не се откажувам
-
Французите протестираа против десницата
-
Ураганот Берил ја погоди Јамајка и ослабен се упати кон Мексико | ВИДЕО