Македонија
18. August 2017 - 16:13

Се регулираат Морошка и Видовишка река

Целосна регулација и уредување на Морошка и Видовишка река во населените места Мородвис и Видовиште, реализира општина Зрновци.

Како што соопшти градоначлалникот Блаже Станков, изградени се и мостови за моторни возила, како и за пешаци.

- Првиот проект се однесува на регулацијата и уредувањето на речното корито на Морошка река во село Мородвис, во должина од 410 метри, за што се инвестирани три милиони денари обезбедени преку Секретаријатот на Швајцарската конфедерација. Извршена е целосна регулација и уредување на Морошка река со што се ублажени силните налети на вода кои најчесто создаваа проблеми на блиските куќи и дворови. Бидејки се работи за централно градско подрачје на село Мородвис, веќе не постои опасност од излевање на водата и уништување на патната и водоводна мрежа, истакна Станков.

При поплавите во февруари 2015 година, додаде, речното корито на Видовишка беше целосно нарушено и преставуваше огромна препрека за граѓаните од Видовиште особено за оние кои живеат долж левата страна.

- Од тие причини општина Зрновци обезбеди три милиони денари и целосно е извршена регулација и уредување на кејот. Средствата се обезбедени од Бириото за рамномерен регионален развој. За непречено поминување на жителите преку реката Видовишка, општината изгради два моста за моторни возила, информира градоначаникот.