Се разгледаат опциите дали калориметрите ќе ги плаќаат граѓаните или компанијата снабдувач
Регулаторната комисија за енергетика ќе ги разгледа опциите дали поставувањето на мерните уреди за парно греење познати како калориметри ќе бидат на трошок на граѓаните или на компанијата снабдувач со топлинска енергија.
Од РКЕ велат дека кај зградите каде има хоризонтален систем може да се постават соодветни уреди за мерење, додека онаму каде што има вертикална инсталација, поставувањето на калориметрите не е едноставно. - Ќе се обидеме во рамки на Законот за енергетика, онаму кадешто може, да бидат поставени вакви уреди, истакнуваат од РКЕ.
Новото раководство на РКЕ најавува и изнаоѓање на решение за проблемот на граѓаните кои се исклучени од парно греење, а плаќаат надоместок. Велат дека ќе остварат средба со граѓаните од здружението „Но пасаран“ и со компанијата снабдувач на топлинска енергија.
Од мај следната година се очекува да биде донесена и нова методологија за утврдување на цената на нафтените деривати.
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото