Се разбудила во гроб, станала се исчистила и побарала помош

Девојка која била на чекор до брак, се разбудила во плиток гроб откако нејзиниот свршеник се обидел најпрво да ја задави а потоа и закопа. 39-годишниот Кејт Хугс приведен е поради обид за убиство на нејзината свршеница Стејси Гвилeм, и се соочува со доживотна казна.
Само пет дена откако се согласила да се омажи за својот долгогодишен дечко, тој ја давел додека не изгубила свест. Нејзиното тело се обидел да го сокрие затрупувајќи ја во плиток гроб.
Кога се освестила, Стејси сфатила дека се наоѓа во земја прикриена со гранки и листови.
Нејзиниот свршеник во почетокот на годината е пуштен од затвор во кој поминал три ипол години поради три одвоени случаи на злоставување на своите девојки. По излегувањето од затворот Стејси и Кејт повторно стапиле во врска, а по некое време таа се одлучила и да се омажи за Кејт.
Пет дена по свршувањето, се шетале по плажа, но тогаш започнала расправија меѓу нив. Во исказот кој го дал на суд Кејт се вели дека неговата свршеница го обвинила дека и украл пари и дека сакала да го врати назад во заттвор.
"Се расправавме и викавме. Изгубивме контрола. Сакав само да престане да збори такви работи за мене", рекол Кејт кој потоа ја фатил својата свршеница за врат и започнал да ја стега. Изгубила свест и паднала на земја.
"Ме фати паника, си велев што направи? Немав намера да ја убијам. Ја ставив во едни грмушки а над нејзе ставив неколку гранки. Се чуствував грозно, мислев дека е мртва па заминав", завршил Кејт.
"Не се сеќавам што точно се случи. Станав и отидов да побарам помош. Мојот живот повеќе никогаш нема да биде ист", рекла Стејси.
Откако мислел дека е мртва и ја оставил, Кејт заминал во домот на Стејси, испил шише вотка, а потоа направил сообраќајка со нејзиниот автомобил.
"Не се сеќавам дека пиев, но кога полицијата ме фати бев пијан. Да можам барем да го вратам времето. Жал ми е поради тоа што го направив", рекол Кејт.
Во полицискиот извештај стои како Кејт, кога го упасила полицијата поради предизвикување сообраќајна несреќа извикувал "никогаш нема да ја пронајдете"!
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
