Се разбудил од кома да им каже на родителите дека ги сака, а потоа починал
Момче (17) кое боледувало од рак се разбудило од кома пред Божиќ на голема радост на неговите родители, за повторно да потоне во сон од кој никогаш повеќе нема да се разбуди.
Последните зборови на ова седумнаесет годишно момче биле: "Среќен Божиќ, ве сакам сите многу", пренесува Мирор.
Џеј Окслиј бил во индуцирана кома од 11. декември откако една година се борел со редок и агресивен вид на рак (Lymphoblastic lymphoma).
Откако му бил дијагностициран тумор во јануари минатата година, трансплантирана му е коскена срцевина во јули па оттогаш бил подложен на хемотерапија.
Изгледало дека хемотерапијата делува, но потоа повторно завршил во болница поради камен во бубрезите. При истражувањето откриен му е вирус на белите дробови. Се појавиле нови компликации предизвикани од трансплантацијата. Џеј бил ставен во индуцирана кома на 11. декември. Тој се разбудил на 20. декември а неговите родители биле возбудени и среќни бидејќи ќе го поминат Божиќ заедно со него. Во само неколку часа, неговата состојба нагло се влошила и повторно бил ставен во кома. За жал тој никогаш не се разбудил, воспоставена му е клиничка смрт на 9. јануари.
- Од денот кога откривме дека има рак, се бореше силно како никој досега. Ниту еден човек не треба да минува низ тоа во животот. Ние сме горди бидејќи имаше срце на лав и никогаш не се откажа. Беше мал сонувач и тоа многу го сакавме кај него. Ќе ни недостасува неговата насмевка, неговото поспано лице наутро и неговите шеги. Имаме празнина во срцето која веќе никој нема да може да ја пополни.. - завршила мајката на Џеј.
Ново на Сител
-
Дурмиши: Без ограничени маржи, храната ќе се продаваше поскапо
-
Македонија е на петто место во Европа по иселувањето на високообразовен кадар
-
ДСЗИ заврши, на ред е стручната комисија – Дали има лекарски пропуст во третманот на 14 месечното бебе кое почина на Детска?
-
Забрана за пиење на водата во Василево
-
Врховен суд бара државата да спречи загадување на воздухот, граѓаните добија шанса да ја тужат
-
Центар за иновации во медиумите на Правниот факултет: Студентите по новинарство добија современо студио
-
За пациентките од крајниот исток нема можност за преглед на мамограф во ЈЗУ
-
Во Брисел нема расположение за уставни измени со одолжено дејство, но предлогот не е ниту одбиен