Македонија
20. July 2020 - 8:57

Се проширува влезот во Кавадарци од кај Неготино

Се проширува влезот во Кавадарци откај Неготино. Од Кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев ги информираат жителите на кавадаречката општина како и оние кои транзитираат низ градот Кавадарци, дека синоќа започнаа  градежни активности на улицата ,,Шишка”. Интензивно се работи на вадење на стариот асфалт.

-Сообраќајот ќе се регулира со наизменично  дозволување на движење во двата правца.  Градежните активности ќе се одвиваат во наредните три недели. За да се избегне гужвата, се замолуваат сите кои имаат можност,  да го користат излезот кон Росоман. Изведувачот на проектот ,,Градба промет” интензивно работи и во вечерните часови,  се со цел брза реализација на целиот проект, соопштуваат Општината..

Овој проект предвидува проширување со три коловозни ленти како и велосипедско – пешачка патека. Предвидено е и целосно ново осветлување како и поставување нови сообраќајни знаци.

-Со овој проект и овој влез на градот ќе добие нов, современ изглед, нагласуваат од Општината.