Се преврте пожарна во Маџари – тројца пожарникари повредени
Се преврте противпожарно визило, во несреќата има повредени. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 09,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од улица „Благој Стефковски“ и улица “Методија Андонов Ченто“ кај место викано “Триангла“ противпожарно товарно возило „ФАП“ сопственост на град Скопје, а управувано од Б.В.(56) од Скопје се превртело. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Б.В. и сопатникот Љ.С.(59) а со телесни повреди се здобил сопатникот С.А.(56) сите вработени во Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредените со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде по укажаната лекарска помош, Б.В. и Љ.С. биле задржани на понатамошно лекување, а С.А. бил пуштен на домашно лекување.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
