Македонија
13. March 2024 - 13:06

Се преврте цистерна со плин во близина на село Вашарејца, возачот пренесен во болница

Цистерна со плин се превртела во сообраќајна несреќа што се случила денеска во близина на битолското село Вашарејца. Возачот на камионот е лесно повреден и е пренесен во Клиничката болница во Битола со Итна медицинска помош.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), за несреќата се известени ТППЕ Битола, која на терен испратила четворица пожарникари со едно противпожарно возило. 

Екипи на МВР се веќе на терен. За подигање на цистерната се чека механизација.