-->
-->
Се преврте автомобил на Водно, две момчиња повредени
-->
Автомобил од марката „Застава 101“ вчера попладне се преврте на патот за Водно и завршил на покривот. Според медиумите две момчиња се повредени во оваа сообраќајна несреќа.
Едното од нив било зад воланот и во еден момент загубило контрола над возилото кое се превртело.
Набргу по несреќата дошло возило на медицинска помош и му биле санирани повредите на возачот, а набргу дошла и полициска екипа на увид.
Сеуште нема официјални информации од полицијата, а се претпоставува дека станува збор за младо момче кое штотуку ја добило возачката дозвола и ова му било прво возење. исто така се споменува дека имало сопатник во возилото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Розов пикник појадок за поддршка на жените со рак на дојка
-
Заедничка балканска промоција
-
Технолошки парк „N99“ почетокот на една нова ера
-
Земјоделието и младите
-
Преглед на вестите од светот
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар