Македонија
8. August 2016 - 17:18

Се преврте автомобил кај Катланово, двајца повредени

Две лица се повредени во сообраќајката што се случила денеска во 14:10 часот на автопатот Скопје – Велес на 500 метри од исклучувањето за Катланово.

Од СВР Скопје за „Република“ велат дека се работи за возило со српски регистарски таблички, кое од засега непознати причини излетало од патот.

Двете повредени лица се пренесени на Ургентниот центар во Скопје.

Полицискиот увид е во тек.

Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента.