Се преврте автобус на автопат во Германија, повредени се 27 ученици
Двокатен автобус со средношколци од германскиот град Марбург северно од Франкфурт се преврте во регионот Зауерланд на пат кон Англија.
Според полицијата, повредени се 27 ученици на возраст од 14 до 15 години, од кои четворица потешко. Тие се пренесени во болница, но животот на четирите деца не е во животна опасност, соопшти полицијата.
Пет наставници кои ги придружувале децата на училишната екскурзија, како и возачот на автобусот, останале неповредени, изјави во неделата портпаролот на полицијата. Сепак, многумина се во состојба на шок.
Според извештаите, автобусот со вкупно 73 лица ненадејно се превртел на автопатот А45 во близина на западниот германски град Венден.
Причината за несреќата првично остана непозната, изјави портпаролот на полицијата, но истражна екипа извршила увид на местото на настанот.
Ново на Сител
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија
-
Руската опозиција во Берлин ги организира првите антивоени демонстрации во странство
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници