Се претставил како дипломат на ГП „Табановце“, приведени две лица за фалсификување исправа | ФОТО
На 25.07.2025 во 14.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, од слобода се лишени С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје. Во обид да влезат со приоритет, С.С., кој го управувал возилото „голф“ со скопски регистарски таблички, во кое се превезувале, на полициските службеници од ФРОНТЕКС им рекол дека е дипломат, приложувајќи патна исправа наводно издадена од Европски полициски комитет, а на македонските полициски службеници им рекол дека е вработен во МВР, но не ја носел службената легитимација.
При дополнителна контрола на лицето и возилото биле пронајдени патни исправи, една биометриска страна за патна исправа, два пластични печати, четири лични карти и други предмети. Поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по чл.378 од КЗ, пронајдените предмети се одземени, а лицата лишени од слобода и по целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено
-
Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина оваа година
-
Запленета брендирана стока, приведен 30-годишник од Крива Паланка | ФОТО
-
Приведен 22-годишник од Гевгелија, при претрес на неговиот дом најдена е дрога
-
Нови правила за транспарентност за моделите на вештачка интелигенција во ЕУ
-
Судот во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот
-
Трамп вели дека Пауел од ФЕД треба да поднесе оставка