Се прегласува во село Ларце, Општина Желино, процесот се одвива без проблеми
Во избирачкото место број 2101 во селото Ларце, во Општина Желино, денеска има прегласување за парламентарните избори во рамки на Изборната единица 6 откако Државната изборна комисија (ДИК) го поништи гласањето одржано на 8 мај. Од Општинската изборна комисија Желино информираат дека навремено е почнато гласањето во седум часот.
- Прегласување има само на едно избирачко место со број 2101 во село Ларце, Општина Желино. Гласањето почна точно во седум часот и се одвива без проблеми. Нормално работи апаратот за идентификација и гласањето се одвива, изјави Бујар Сулејмани, претседател на ОИК Желино.
Право на глас на ова избирачко место имаат 993 граѓани.
На 22 мај својот глас го искористиле 48 проценти од запишаните гласачи, односно 479 луѓе од кои девет биле беа неважечки ливчиња.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
-

Партиите со меѓусебни обвинувања за Алта банка
-

Независниот синдикат на професионални војници излезе на протест пред Владата
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
