-->
-->
Се повреди легендата на Мото ГП
-->
Повеќекратниот светски првак во мото трки Италијанецот Валентино Роси(38) падна на тренингот во Римини, по што бил превезен во локалната болница.
Според првичните информации, станува збор за полесни повреди на градниот кош и стомакот.
„Роси мина без фрактури и тешки последици. Префрлен е во болница каде што лекарите утврдија полесни повреди“, соопштија од Јамаха.
Не е познато дали лекарите ќе дозволат настап на Роси на ГН на Италија, која е на распоредот на 4 јуни.
Италијанскиот првак падна и минатиот викенд во последниот круг од Големата награда на Франција во Ле Манс, при што мина без повреди.
Роси со девет освоени титули е еден од најуспешните возачи на мото трки на сите времиња
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски го почна премиерскиот мандат
-
Герапетритис: Уставното име е за севкупна употреба
-
Се санираат штетите од невремето во Тетово
-
Скопје ги сумира штетите од невремето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Комуналните претпријатија на обука за имплементација на Скада системот
-
Анализа: Дали Руската православна црква е инструмент за спроведување на политиките на Путин?