Се повеќе сторители на семејно насилство бараат помош во Првиот Семеен центар на Град Скопје
Првиот Семеен центар на Град Скопје одбележува две години постоење. Во центарот во овие две години биле опфатени 278 корисници, од кои 168 се жени, а останатите 110 се мажи. Се повеќе сторители самостојно бараат помош и кај нив третманот е најкраток и најуспешен.
Досега Семејниот центар работел со 56 семејства, а индивидуално според категорија имало 120 жртви на семејно насилство, 34 сторители на семејно насилство, 68 малолетни деца и 56 други членови на семејството кои учествувале во советувањето. Кај корисниците кои успешно го завршиле психосоцијалниот третман нема повторување на насилството.
Семејниот центар е единствено советувалиште за сторители на семејно насилство, каде со нив се работи по специјализирана програма за третман на сторители на семејно насилство. Во рамки на центарот е издадена и брошура за Родителски вештини, која е достапна во просториите на центарот.
Ново на Сител
-
Убиено едно лице при тепачка пред казино во Кавадарци
-
ДКСК ќе ја одржи 22. седница
-
Министерот Бесент очекува САД годишно да имаат над 500 милијарди долари приходи од царини
-
Нема активни пожари, под контрола во „Јасен“, во Долнени и на Кожуф
-
Болсонаро е под 24-часовен полициски надзор поради ризик од бегство
-
Сончево и потопло со мала до умерена облачност
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата