Се повеќе мажи сакаат нивните сопруги да имаат секс со други
Во последно време британски психолози го проучуваат феноменот дека радикално расте бројот на мажи кои уживаат во тоа нивните сопруги да имаат сексуални односи со други мажи.
Тие се уште не знаат која би можела да биде главната причина на оваа појава, но наведуваат дека тоа би можело да опфаќа се - од прикриена машка бисексуалност, па се до нивната гордост што имаат сексуално либерални сопруги.
Интернет страниците и форумите кои на ваквите двојки им помагаат да ги спроведат нивните желби на дело се се побројни, а психолозите велат дека тука станува збор за многу компактна и многу добро вмрежена фетиш заедница.
Има форум каде мажите објавуваат фотографии на своите сопруги и од други мажи бараат да го коментираат нивниот изглед. Има и такви кои одат чекор подалеку и служат за барање за потенцијаен партнер. Има и форум каде таквите двојки разменуваат искуства на ваквите чудни „триаголници“.
Голем број мажи наведуваат дека тоа искуство радикално го подобрило нивниот брачен сексуален живот, а жените пишуваат дека се многу среќни затоа што во исто време можат да бидат интимни и со сопругот и со љубовникот. Голем број од нив нагласуваат дека тоа ги прави посебно среќни.
Др. Давид Леј, психолог и автор на книга посветена на оваа појавам вели дека тука станува збор за тоа дека тие мажи сакаат да бидат изневерени, но истовремено сакаат да бидат и главни „контролори“ на тоа неверство.
Ново на Сител
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот