Се поплави плоштадот во Охрид, хидролозите уверуваат дека нема опасност за излевање на големите реки
Продолжуваат поројните дождови низ Македонија. Хидролозите уверуваат дека нема опасност за излевање на големите реки, но тоа е можно кај тие со помали корита.
Атанас Угрински, хидролог од УХМР за Сител вели дека во следните денови се очекува на некои места да наврне и до 30 литри на метар квадратен.
-Ваквите врнежи од дожд не би требало да претставуваат опасност од излевање на поголемите реки низ земјава зашто водостоите се прилично ниски, карактеристични за овој дел од годината. Тие се движат некаде во просекот за месец август. Ваквиот тип на врнежи единствено би можеле да претставуваат опасност за помалите реки и суводолици со помали сливни површини кои немаат капацитет за толку кратко време да примат толкави количини на врнежи и кај кои за доста брзо време се формира истекувањето, вели Угриновски, појаснувајќи во вакви случаи можно е рапидно зголемување нивниот водостој, а не е исклучена можноста за појава на слаби локални излевања.
Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека плоштадот во Охрид е поплавен како последица на поројните дождови кои денеска го зафатија тој град.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Во Oхрид забрзано се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица