Се подготвува Центарот за книга - проект од Националната стратегија за развој на културата
Центарот за книга - проект предвиден со Националната стратегија за развој на културата 2013-2017 ќе биде сместен на ул. „Македонија“ бр. 22, во канцеларија која ќе ја дели со административен дел каде ќе се поднесуваат и издаваат дозволи за престој и за работа за странци.
Локацијата му е доделена на Министерството за труд и социјална политика, градежните работи за реконструкција и адаптација на деловниот простор почнаа денеска и се во надлежност на Агенцијата за вработување. Министерството за култура, пак, ќе го уреди ентериерот затоа што просторот ќе биде репрезентативен и во него ќе се прават приеми и презентации. Реновирањето треба да заврши за 30 дена, а за комплетна употреба се очекува да биде подготвен за два месеца.
Министерката Елизабета Канческа-Милевска денеска заедно со министерот за труд Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски ја посети локацијата каде што ќе биде канцеларијата т.н. One stop shop поради повеќенаменските услуги што ќе ги нуди. Посочи дека Центарот за книга ќе функционира како посебна организациска единица на Министерството за култура.
- Во Националната стратегија за култура го внесовме како приоритет формирањето на Центарот за книга. Тој ќе врши унапредување и промовирање на издавачката дејност во нашата држава, промоција на книгата преку нејзините основни функции - образовна, културна, социјална..., подобар пласман на нашите автори во странство и најразлични презентации за поддршка на издавачката дејност која ја даваме во континуитет. Ќе има и изложбен простор каде читателите ќе може да се запознаат и со капиталните проекти кои ги реализираме со поддршка на Владата и сето она што го поддржуваме преку годишните конкурси, рече Канческа-Милевска.
Заедничкиот простор има вкупна површина од 260 метри квадратни, со приземје и галерија. Странците кои ќе доаѓаат по дозволи за работа и престој во исто време ќе може да се запознаат со литературното творештво од Македонија. Она што би било привлечно за нив е конкурсот за субвенционирање странски издавачки куќи кои ќе преведат дела од македонски автори, кој Министерството за култура успешно го реализира.
Ново на Сител
-
Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
-
Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор