-->
-->
Се почнало како обична настинка: Бактеријата му ги "изела" рацете, нозете и устата
-->

Бактерија која јаде месо на Алекс Левис (35) пред две години му ги изела рацете, нозете, устата и дел од носот. Но не му е тешко што останал инвалид за цел живот и без екстремитети, највеќе го боли тоа што неговиот син се плаши од него, дури не сака ни да го погледне.
Борбата на Алекс за живот почнала во ноември 2013 откако имал обична настинка, но потоа се здобил со стрептококи од група А со труење на крвта и токсичен шок. Минал 7 дена во кома, а ткивото на нозете, рацете, устата и делови на носот и ушите му поцрнело па тие делови морале да се ампутираат.

Лекарите му дале само 3 проценти шанса да преживее, но Алекс не се предал и успеал да заздраве. Во последните две години минал низ многу операции со кои се обиделе да му го реконструираат лицето, а научил и да се движи со помош на протеза. За неговата животна борба снимен и документарен филм "Необичен случај на Алекс Левис".
Алекс вели дека сака да ја сподели својата приказна со останатите се со цел неговиот син да не се срами од него.

- Сакам мојот син да биде горд на мене и да се чуствува угодно во неговата кожа - рекол Левис.
- Никогаш не знаеш што ќе ти донесе животот. Со тоа мораш да се носиш кога ќе дојде. Не сакам да се нервира поради ситници - вели Алекс на кого највеќе му недостасува блискоста со синот.
- Да сум три ипол години и да го гледам својот татко како се измачува во таква состојба би ми било многу чудно - вели Левис кој дава се од себе за повторно да изгради близок однос со синот.
- Се фрустрирам кога гледам како Сем сам се игра во дворот, јас не можам ништо околу тоа да направам - рекол Левис.
И покрај се што поминал, Алекс останал позитивен, среќен е што е жив и секој ден се чуствува подобро.
- Имам чуство како да го имам искусено животот и смртта и само сум среќен што сум тука - рекол Алекс, пренесува Деили Меил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
