Балкан
4. September 2017 - 12:17

Се ожени познатиот политичар со младата пејачка: Стапија во брак со песните на Весна Змијанац и Халид Бешлиќ

Поранешниот деловен директор на ДС Амир Бислими вчера застана на лудиот камен. Тој пред олтар ја однесе позната пејачка Кристина Грујин, а свадбата беше одржана во етно-населбата Врдничка Кула на Фрушка гора.

За добра забава на свадбата беа задолжени легендите на народната музика Халид Бешлиќ и Весна Змијанац, кои атмосферата ја доведоа до усвитување.

Vesna Zmijanac

Младенците блескаа, а невестата носеше венчаница од познатиот српски моден креатор Младен Барон. Забележливо беше дека политичарот ја поправил својата линија пред женидбата.

На свадбата на поранешниот демократ, кој партијата ја напушти минатата година, беше и неговиот некогашен шеф Бојан Пајтиќ.

Бислими женидбата ја најави кон крајот на мај преку Твитер, каде објави фотоографии со својата избраничка со коментари: „Животе мој“ и „Свадба, свадба“.

Svadba Bislimi

Откако одредени следбеници помислија дека се оженил, Бислими тогаш објасни дека е на свадбата на свој пријател, на кому му е кум, но ја искористи можноста да најави дека и тој наскоро ќе заплови во брачните води.

-Веќе е закажана мојата, годинава, напиша поранешниот демократ.

Mladenci sa modnim kreatorom Mladenom Baronom

Избраничката на Бислими Кристина Грујин е неговата сограѓанка од Нови Сад.
 
На јавноста и се претстави 2013 година кога ја промовираше песната „Диско“ која ја компинираше Марко Кон, а за која текстот го напиша Огњен Амиџиќ.