Македонија
22. October 2015 - 20:14

Се отвара единствен центар за пријава на странци

Странците на едно место ќе обезбедат доволи за работа и престој.За два месеци ќе се отвори канцеларија во која свој шалтер ќе имаат повеќе институции, министерството за внатрешни, надворешни и агенцијата за вработување . Со ова значително ќе им се олеснат процедурите на странските инвеститори и туристи,  ќе заштедат повеќе време но и нерви.

Влатко Поповски директор на агенција за вработување -Сега странците одат по еден пат кој е несоодветен - доаѓаат во Агенцијата, во МВР одат да се сликаат и по одредени денови пак доаѓаат. Одат во простории каде многу луѓе чекаат за други услуги и така се нарушува угледот на земјата. Затоа решивме да го направиме овој One stop shop,

Диме Спасов министер за труд и социјала -целта е секој кој одлучил да инвестира во РМ да може своите формалности и процедури да ги заврши овде, во срцето на градот, во еден убав деловен простор, каде што ќе се примаат странките - заинтересираните граѓани, потенцијалните и постоечките инвеститори за да ги реализираат своите потреби кон институциите и да ги извадат потребните работни дозволи за нивниот бизнис

Странците кои ќе доаѓаат по довола ќе имаат можност да се запознаат и со македонското литературно творштво. Во истиот простор обезбедно е и литературно катче каде ќе биде сместен центарот за книга.

Канческа Милевска-мин за клутураТој ќе врши унапредување и промовирање на издавачката дејност во нашата држава, промоција на книгата преку нејзините основни функции - образовна, културна, социјална..., подобар пласман на нашите автори во странство и најразлични презентации за поддршка на издавачката дејност која ја даваме во континуитет.

Канцеларијата за дозволи на старнците која ја обезбеди министерството за труд  е сместана во центарот на градот на улица Македонија .