Македонија
18. December 2025 - 12:22

Охрид со богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници

Охрид со богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници.Почнувајќи од 27-ми декември посетителите кои ќе одмараат на брегот на езерото па се до 1 јауари ќе уживаат во музиката и уметноста за сечиј вкус ‎.

За најлудта ноќ на градскиот плоштад ќе настапат македонската поп ѕвезда Влатко Лозановски, охридската фолк икона Ефто Пупиноски, охридскиот музички ас Ѓоко Танески, DJ Yuxell и DJ Bagzi додека на 1 јануари за забавата ќе се погрижат легендарната група Меморија“ и музичкиот состав Фузија“.

Во Охрид за празниците според најавите најбројни ќе бидат домашните гости и оние од нашето соседство но нема да изостанат ни оние од подалечните земји.

Богата музичка програма ќе има и за празникот Богојавление-Водици. На 19-ти јануари ќе настапат Елена Велевска и Елена Андоновска додека за за Денот на Рибарите, во месноста Сараиште ќе настапат изведувачи од Охридскиот еснаф.