-->
-->
Се огласи и Белата куќа: Еве ја причината поради која Трамп го отурна црногорскиот премиер
-->

Инцидентот кој на самитот на НАТО во Брисел се случи помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и црногорскиот премиер Душко Марковиќ го искоментира и портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.
- Не сум го видел тоа видео - рекол Спајсер пренесува Ју-Ес-Еј Тудеј.
Потсетуваме, за време на обиколката во новата зграда на седиштето на НАТО, Трамп го отурна Марковиќ кој стоеше пред него.
Портпаролот на претседателот Трамп додал дека местото на лидерите на земјите членки на НАТО за фотографирање е однапред утврдено па претпоставува дека Трамп го следел само планот.
По повод инцидентот се огласи и премиерот на Црна Гора.
- Само ги видов реакциите на друштвените мрежи. Тоа е само безопасна ситуација - изјавил Душко Марковиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски демантира дека Рамиз Мерко влегува во Владата
-

До среда СДСМ ќе донесе одлука кои општини ќе ги поддржи во вториот круг
-

Јовановски најави проект за обновување на шумскиот појас
-

Трајановски најавува реорганизација и зајакнување на комуналните и на инспекциските служби
-

Лабудовиќ: Пензионерите се чувари на традицијата на Центар - ќе ги поддржиме со почит, грижа и достоинство
-

Мицкоски најавува можност Клиничкиот центар да се гради во општина Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација (ЗНАМ)
