Џет-Сет
20. January 2016 - 10:14

Се огласи Цеца: Еве што изјави во врска со новото момче!

Деновиве главна тема во српските медиуми е новата наводна љубовна врска на Цеца Ражнатовиќ со 16 години помладиот манекен Александар.
 
Според пишувањата, тие се запознале на Тајланд на снимањето на спотот за песната „Добро сам прошла“ и се во тајна врска од месец март минатата година.
 
Иако се уште не прзнала јавно, но еден коментар на Инстаграм беше доволен за медиумите од соседството да ја продолжат приказната понатаму.
 
„Не е грев да се сака, љубовта не се мери во години“, напиша Цеца на социјалната мрежа.
 
Многумина тоа го сфатија како признание за врската со згодниот манекен.