Мицкоски: Во завршни преговори сме со компанија од многу моќна членка на ЕУ за инвестиција меѓу 350-360 милиони евра

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА окрива дека се во завршни преговори со една компанија од многу моќна земја-членка на Европската унија за инвестиција меѓу 350-360 милиони евра во делот на напредната технологија, односно во делот на производство на батерии. Најавува дека 2025 година ќе биде исклучително квалитетна во делот на привлекувањето странските инвестиции.
-Можам да кажам дека сме во завршни преговори со една компанија која што доаѓа од земја членка на Европската унија, многу моќна земја членка на Европската унија со која што преговараме за инвестиција помеѓу 350-360 милиони евра во делот на напредната технологија, односно во делот на производство на батерии, нешто кое што навистина претставува иднина не само во Европа, туку насекаде во светот. Потоа имаме и инвестиција на постоечки многу квалитетен инвеститор со огромно учество во извозот којшто во јануари треба да се произнесе дали ќе ја проширува својата инвестиција тука и тоа ќе значи многу за македонската економија. Ние сме во последен круг, во најтесен круг како држава заедно со една од сојузните држави на Соединетите Американски Држави. Ќе кажам тоа е државата Пенсилванија. Значи, Пенсилванија и Македонија се во најтесен круг за оваа инвестиција. Работиме дневно на овој план, изјави Мицкоски.
За тоа дали ќе се менува моделот на странски инвестиции вели дека се менува во делот на законските одредби, стимулацијата, односно поддршката на странските инвестиции, но напоменува дека тоа нема да биде драматично различно од тоа што било досега, туку едноставно се прави обид за диверзификација на инвестициското портфолио во гранки коишто имаат висока додадена вредност.
-Но, она што е важно и што треба за нас да претставува предизвик каде ние ја гледаме македонската економија во овој сегмент за 10, 15, 20 години од денес, бидејќи ваквиот начин на привлекување на странски инвестиции којшто започна пред би рекол еве можеби 20-ина години сега веќе ги исцрпува своите можности, го достигнува својот пик, би рекол врв, и сега ние треба да видиме како би го диверзифицирале сето ова, целосното портфолио во иднина и каде во иднина ние ја гледаме македонската економија во делот на странските директни инвестиции, нагласи Мицкоски.
Ново на Сител
-

ИЕА: Конфликтот на Блискиот Исток ја создава најголемата енергетска криза во светската историја
-

ВМРО-ДПМНЕ: Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДС се виде на роденденот на партијата
-

Таткото на Ејми Вајнхаус загуби судски спор за аукција на предмети на неговата ќерка
-

Почина новинарката Гордана Дувњак
-

Најмногу дожд на Попова Шапка, температура до 21 степен
-

Скопје домаќин на Светското училишно првенство во ракомет за средношколци
-

Иран со сериозни забелешки на некои потези на САД, но не ја исклучува можноста од нова рунда преговори
-

Зеленски ги обвини американските претставници за непочитување на Украина
