Почина новинарката Гордана Дувњак

По долго боледување почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на политиката и правосудството. Таа зад себе остава богата и значајна кариера, која траеше повеќе од три децении.
Дувњак својата новинарска кариера ја започна во 1988 година во Македонска радио-телевизија, каде работела две години. Од 1991 до 1999 година беше дел од редакцијата на Нова Македонија, по што следуваше нејзиниот долгогодишен ангажман во Утрински весник, каде од 1999 до 2017 година работеше како новинарка и уредничка.
Професионалниот пат го продолжи во порталот „Макфакс“ во 2017 година, а една година подоцна стана дел од телевизијата „1ТВ“, каде исто така извршуваше уредничка функција. Од 2019 година работеше во неделникот „Фокус“.
Веста за нејзината смрт ја објави нејзиниот син Мартин Дувњак со емотивна порака, во која ја опишува како „жена борец, мајка каква што секое дете може само да посака и врвен професионалец“.
- Се одјави нашата мајка, жена, кралица Гордана Дувњак. Жена која што не ја сакаше и почитуваше само тој што ја немаше запознаено. Врвен професионалец и новинар кој беше пример за чесност, љубов кон професијата и став- нејзиниот син Мартин.
Семејството посочува дека Дувњак била столб и поддршка, посветена мајка која дала сè за своите најблиски и нивниот правилен животен пат.
Погребот ќе биде утре (среда) во 11 часот во капелата во Бутел, а во 12 часот на гробиштата во Бутел.
Со нејзиното заминување, македонското новинарство губи искусен и посветен професионалец, чиј придонес ќе остане трајно запаметен.
Гордана Дувњак имаше 61 година.
МИА
Ново на Сител
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
-

Заврши заложничката драма во Берлин
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
