Се одлучи на драстичен потег и стана инспирација на многумина: Косата не е мерило за убавина, не плашете се од промени!
Девојка чие име не е познато, се одлучи на драстична промена на имиџот, а сето тоа го забележа со камера.
Видеото стана вирално и во краток рок и многумина корисници на Фејсбук ширум светот ја споделија нејзината преобразба.
„Одамна сакава да се ошишам келаво и одлучив тоа и конечно да го направам“, рече и ја зеде машинката в раце.
„Тоа беше на мојата листа со желби, и онака многу не ја сакав мојата коса“, додаде таа.
Следуваше силна порака до жените, но и до посилниот пол - не се плашете од промените, освежување и пресврт во своите животи.
„Заборавете ги оние приказни ’ќе го направам тоа кога ќе дојде време’ - сега е време“, заклучува девојката која се ошиша келаво.
„Косата не е мерило за убавина“, рече на крајот и обзнани дека е навистина задоволна од својата нова фризура.
Ново на Сител
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции