-->
-->
Се одложи „Топлик“, Јанакиески не беше во судницата
-->
Отсуството на обвинетите Миле Јанакиески и Димитар Димовски го одложи судењето за предметот на СЈО, „Топлик“. Двајцата не беа спроведени од истражниот затвор "Скопје". Судијата Осман Шабани рече дека судот не добил информација зошто не се реализирани барањата за спровод на обвинетите.
На рочиштето не присуствуваше и судијата поротник, па судијата Шабани следното рочиште за предметот го закажа за 6 септември. Во „Топлик“ првоосомничен е екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“. Освен него, осомничени се уште пет лица.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
-

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
