-->
-->
Се очекуваат околу 70 илјади гости за Фестивалот на трубите во Пехчево
-->
Пехчево е подготвено да пречека околу 70 илјади гости за четиридневното издание на Фестивалот на трубите, истакна денеска на прес-конференција градоначалникот на Пехчево Игор Поповски.
Тој посочи оти со овој фестивал се продолжува старата и добро позната традиција на дувачки оркестри во Малешевијата.
- Моето задоволство е огромно, бидејќи годинава по 6-ти пат, Пехчево го организира единствениот ваков фестивал во земјава. Полека овој фестивал прерасна во бренд за Пехчево. Нашата цел е промоција на дувачките оркестри, но и понуда за летниот период за гостите. Туризмот во Пехчево е основна економска гранка и треба да биде двигател на животот овде, затоа ние како општина вложуваме напори да го одржиме фестивалот и секоја година да го градиме со квалитетна понуда, рече Поповски.
Овој фестивал за многу оркестри претставуваше своевиден катапулт за да излезат од анонимноста, но и промоција на квалитетот на оркестрите.
Професор д-р Васил Ристов, член на стручното жири, потенцираше дека фестивалот по квалитетот се издигна и во меѓународни рамки, па има огромен интерес на летната сцена на пехчевскиот плоштад виртузонсота на дувачките инструменти да си ја одмерат и оркестри од други држави.
- Годинава за златната труба ќе се натсвируваат 6 дувачки оркестри и инструменталисти, а втората и третата награда се мала труба и тапан. Оркестрите имаат можност во 20 минути да покажаат што знаат и умеат. Задолжително во натпреварувачкиот дел е малешевското оро кое треба да се исвири без грешка, бидејќи ова е карактеристично оро и тука нема имрповизации. Има голем интерес кај групи од странство да настапат на овој фестивал, се надевам во иднина ќе успееме да внесеме и меѓународна вечер на која ќе дадеме шанса на овие дувачки оркестри , рече Ристов.
Елица Јовевска, директор на фестивалот, информира дека фестивалот започнува на Павловден, ден кога Пехчево го одбележува својот празник, со саемот на ракотворби каде ќе има 15 штандови.
- Започнуваме на 13 јули на пладне со отворање на етносаемот. Отворањето на фестивалот е вечерта во 20 часот, ќе има дефиле со мажоретен состав , а во ревијалниот дел ќе настапат дувачкиот оркестар од Ловеч, Р. Бугарија, дувачки оркестри од соседна Србија, оркестар од САД, потоа ќе настапат Уска –Кан од Берово и оркестарот на Џамбо Агушеви, рече Јовевска.
Таа додаде дека секоја вечер ќе има концерти од познати естрадни ѕвезди. На сцената ќе настапат Миле Кузмановски, Силви Бенд, балканските ѕвезди Рајна и Саша Ковачевиќ, а во доцните часови ќе има забава со познати ди џеи.
За време на фестивалски вечери ќе бидат поставени 20-ина штандови со скара и пиво, а локацијата на градскиот паркинг годинава ќе биде резервирана за панаѓур. Фестивалот се организира со поддршка на спонзори и средства од Општина Пехчево, а годинава прв пат фестивалот има финансиска поддршка и од Министерството за култура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски во Вашингтон на средба со претставници на „Македонија 2025“
-
Десет загинати и 32 повредени во пожар во хотел во ски центар во Турција
-
Врнежи од снег на планинските превои, магла на патните правци Скопје-Тетово и Велес-Катланово
-
Дел од булеварот „Партизански одреди“ без вода
-
Наутро магливо, преку ден со повремени врнежи од дожд и снег
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово