-->
-->
Се очекува невреме и снег утре во Македонија
-->

Времето утре во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во попладневните часови во северозападните и североисточните делови каде локално се очекува да наврнат над 25 л/м2. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 10 до 16 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремен дожд и со умерен повремено засилен јужен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 13 степени.
Од недела следува период на променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Утринските температури наместа ќе се спуштат и под нулата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
-

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа
-

Од компликација од грип почина 62-годишен маж
-

Приведен 51-годишник од Пепелиште, при претрес пронајдени се 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал документација
-

Град Скопје блокираше 18 илјади сметки за неплатен данок на имот
-

Кривична за 46-годишник од Гостивар, преку коментари на социјалните мрежи ширел омраза
