Се намалуваат цените на лековите

Намалени се максималните цени на 336 генерички и 222 оригинаторни (иновативни) лекови. Намалувањето на максималните цени доведува и до намалување на големопродажните и малопродажните цени на лековите кои ќе важат од 1 април.
Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека се намалуваат цените за 40 до 50 отсто од генеричките и иновативните лекови.
Со ова намалување на цените, посочи, се опфатени сите групи на лекови од позитивната листа.
- Заштедата кај генеричките лекови на годишно ниво изнесува 993.000 евра, додека кај иновативните лекови изнесува 1.388.600 евра или вкупно 2.381.600 евра. За компарација во 2016 година вкупната заштеда кај оригинатните и генеричките лекови изнесувала 1.126.000 евра, а во 2017 заштедата изнесувала 398.315 евра, рече Филипче и додаде дека станува збор за најголема заштеда досега.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
