Се намалува наградниот фонд за „Мој ДДВ, МојаНаграда“, средствата ќе одат во Фондот за справување со Ковид-19
Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на наградниот фонд на наградната игра „Мој ДДВ, МојаНаграда“ и за уплата на средствата во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.
Со заклучок на Владата му се препорачува на Акционерското друштво за приредување игри на среќа „Државна лотарија на Република Македонија“ средствата во износ од 4.383.410,00 денари да ги уплати на донаторската сметка отворена во рамки на Генерален секретаријат на Владата наменета за донации од правни и физички лица за справување со КОВИД-19 епидемијата.
Владата ги задолжи Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Државна лотарија да склучат анекс на договорот за заедничко организирање на наградната игра „Мој ДДВ #МојаНаграда“ и ја задолжи Државна лотарија да ги измени Правилата за приредување на наградната игра „Мој ДДВ #МојаНаграда“ и да направи техничко прилагодување за реализација на одлуката, соопшти владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Почнува одбележувањето на Денот на Европа - 9 мај
-
Зеленски: Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори
-
Најавените врнежи добредојдени за земјоделството
-
Ракометарките на Ѓорче Петров ја одбранија шампионската титула
-
Гостивар се повлекува од ПМФЛ
-
Сабаленка го освои турнирот во Мадрид
-
Норис победи на спринтот на Големата награда на Мајами
-
Одбележување 122 години од смртта на Гоце Делчев