-->
-->
„Се надевам дека Македонија ќе ја направам горда“ - Македонката Симона со улога во новиот филм на „Марвел“
-->
Премиерата на филмот на продукцијата „Марвел“ - „Црната вдовица“ е закажана за 1-ви мај 2020-та година. Гледачите со нетрпение го очекуваат ова остварување, а особено Македонците бидејќи во него една од улогите ќе ја толкува убавата Македонка Симона Живковска.Во ова филмско остварување публиката ќе може да ужива во актерската игра на преубавата и заводлива Скарлет Јохансон, а со неа рамо до рамо верувале или не ќе глуми и Македонката Симона Живковска.
Веста дека Македонската Симона ќе глуми во филмот на „Марвел“ ја споделил нејзиниот агент, тој напишал:
„Возбуден сум што конечно можам да објавам дека Симона Живковска во моментот го снима филмот на „Марвел“, “Црната вдовица“ што ќе се прикажува во кината догодина. Едвај чекам“ - напишал тој на Твитер.
Младата 25-годишна Симона е родена во Скопје на 24-ти јуни 1994-та година, но во 2001-та година се преселила во Велика Британија каде што ја започнала својата актерска кариера.
Возбудата што Македонката ќе ја оствари својата улога во ова остварување на „Марвел“ не ја криеле ниту корисниците на Твитер кои упатиле пофални зборови до младата Симона, а набрзо потоа и самата Симона објавила твит во кој се заблагодарува за поддршката:
Ви благодарам многу за поддршката во овој момент особено ми значи! Многу сум благодарна за оваа можност и се надевам дека ќе ја направам Македонија горда!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието, Илија Стоилев се уште во полициска станица
-

Бројот на пациенти со карцином на простата во постојан пораст
-

Започна генералното чистење на Скопје
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
-

Рокас му го презентираше извештајот на Мицкоски
-

Орце Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, вечерва стартува чистењето на Скопје
-

Владина реконструкција по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ – Нема место плус за ВРЕДИ
